
МК
3. Во вашиот интернет-пребарувач, преминете на:
http://www.philips.com/support.
4. На страницата за поддршка на Philips,
пронајдете го вашиот производ и лоцирајте ја
датотеката за помош за вашиот ТВ-уред.
Датотеката за помош (*.upg датотека) е
компресирана во *.zip архива.
5. Доколку датотеката за помош на страницата за
поддршка на Philips е понова верзија од
датотеката во вашиот ТВ-уред, чкрапнете за да ја
снимите датотеката на USB флеш меморија.
6. Со употреба на алатка за архивирање, извадете
ја *.zip датотеката во „ажурирање“
директориумот на USB флеш меморијата.
7. *.upg датотеката за помош е извадена од
архивата.
8. Исклучете ја USB флеш меморијата од
компјутерот.
Не исклучувајте го ТВ-уредот или не
отстранувајте ја USB флеш меморијата за
време на ажурирањето.
Доколку се случи прекин на напојувањето за
време на ажурирањето, не отстранувајте ја
USB флеш меморијата од ТВ-уредот. ТВ-
уредот ќе го продолжи ажурирањето
веднаш штом се воспостави напојувањето.
Доколку се појави грешка за време на
ажурирањето, повторете ја постапката.
Доколку грешката повторно се појави,
контактирајте го Центарот за грижа на
корисници на Philips.
1. Вклучете го ТВ-уредот.
2. Поврзете ја USB флеш меморијата што ја
содржи *.upg датотеката за помош во USB
приклучокот на ТВ-уредот. Исклучете ги другите
USB уреди од ТВ-уредот.
3. Притиснете .
4. Одберете [Setup] > [Software settings] >
[Local updates] (Поставување > Нагодувања на
софтверот > Локално ажурирање).
Ќе се прикаже екранот за ажурирање.
5. Одберете ја *.upg датотеката за помош и
притиснете ОК.
Се прикажува порака со состојбата на
ажурирањето. Следете ги упатствата на екранот
за да го завршите ажурирањето и рестартирајте
го ТВ-уредот.
Повторно инсталирање на
ТВ-уредот
Повторното инсталирање на вашиот ТВ-уред ги
ресетира сите нагодувања за сликата и звукот и
повторно ги инсталира сите ТВ-канали.
1. Притиснете .
2. Одберете [Setup] > [TV settings] >
[Reinstall TV] (Поставување > Нагодувања на
ТВ-уредот > Повторно инсталирање на ТВ-уредот),
а потоа притиснете ОК.
3. Следете ги упатствата на екранот.
Comments to this Manuals