
Македонски
МК
Употреба
Кога го користите далечинскиот управувач,
држете го во близина на ТВ-уредот и насочете го
кон сензорот за далечинско управување.
Бидете сигурни дека правата линија помеѓу
далечинскиот управувач и ТВ-уредот не е
попречена со мебел, ѕидови или други предмети.
Следнава слика е само пример - за положбата на
сензорот на далечинскиот управувач што може
да се разликува на вашиот ТВ-уред:
Далечински управувач на екранот
Напомена: Достапно е доколку поврзаниот
уред е HDMI-CEC - компатибилен.
Далечинскиот управувач на екранот (OSRC) ви
дава едноставен пристап до најчесто
користените функции. Достапните копчиња на
екранот се разликуваат во зависност од
поставувањето на вашиот ТВ-уред и
карактеристиките на поврзаниот HDMI-CEC
уред.
За да пристапите до OSRC
1. Додека гледате телевизија или од поврзан
уред, притиснете .
2. Одберете [Show device keys] (Прикажување
на копчињата на уредот), а потоа притиснете
ОК.
3. Употребете ги копчињата за движење и
ОК за да одберете и за да користите копче на
екранот.
Основно
Основното мени ви дава едноставен пристап до
поврзаните уреди, нагодувањата за слика и звук и
други корисни карактеристики.
1. Притиснете .
2. Одберете ставка во основното мени, а потоа
притиснете ОК за да пристапите до менито.
3. За а излезете од основното мени, притиснете
или .
Основни менија на ТВ-уредот
За да почнете постапка, одберете ја саканата
ставка со копчињата за движење, а потоа
притиснете ОК:
[Help]: За да пристапите до електронското
упатство за употреба.
[Watch TV]: За да преминете назад на
изворот на антена доколку е одбран друг
извор.
[Browse USB]: Доколку е поврзан USB
уред за чување податоци, за да пристапите
до пребарувањето на содржината.
[Scene]: За да преминете на декорација за
заднината.
[Add your devices]: За да додадете нови
уреди во основното мени. Забележете дека
е потребно да го додадете новиот уред во
основното мени за да можете да
пристапите.
[Setup]: За да пристапите до менијата што
ви овозможуваат да ја промените сликата,
звукот и другите нагодувања на ТВ-уредот.
Пребарување
Менито за пребарување ви овозможува
едноставен пристап до:
Електронскиот програмски водич
Листата со ТВ-канали
Телетекст
Comments to this Manuals