- Може да капе вода од штекерот на долниот
дел на бричот кога го плакнете. Ова е
нормално и не е опасно затоа што сета
електроника е затворена во запечатена
единица за напојување во внатрешноста на
бричот.
- Не користете ја единицата за напојување на
или близу до ѕидни приклучоци што содржат
електрични освежувачи за воздух за да
спречите непоправлива штета на единицата
за напојување.
Електромагнетни полиња (EMF)
Овој Philips уред е во согласност со сите
важечки стандарди и регулативи во врска со
изложеноста на електромагнетни полиња.
Општо
- Овој брич може безбедно да се мие под
чешма.
- Единицата за напојување е погодна за
мрежен напон од 100 до 240 волти.
- Единицата за напојување го трансформира
напонот од 100-240 волти во безбеден низок
напон од помалку од 24 волти.
- Максимално ниво на бучава: Lc = 69dB(A)
Полнење
Наполнете го уредот за бричење пред првото
користење, и кога дисплејот покажува дека
батеријата е речиси празна.
Полнењето трае приближно 8 часа. Со целосно
наполнет уред за бричење може да се бричите
до 40 минути.
Забелешка: Не може да го користите уредот за
бричење додека се полни.
229
Македонски
Comments to this Manuals